fbpx

Вашиот деловен објект е од исклучително значење за претставувањето на бизнисот пред неговите клиенти. Оттука, од голема важност е неговото одржување да биде на највисоко можно ниво.

Штетниците, како што се глодарите и инсектите можат да направат проблеми во Вашиот деловен објект, без разлика дали поседувате обични деловни канцеларии, или пак поголеми простори како магацини или фабрики.

Освен угледот пред клиентите, штетниците можат да предизвикаат и значителни економски штети – оштетување на опремата, продуктите. Истовремено, Вашите вработени ќе треба да компензираат за сопствената хигиена и здравје.

Токси-Вет преку своите активности за контрола и заштита од штетници е партнер од доверба за успешноста на Вашиот бизнис. Ние може да ве заштитиме од инсекти и глодари преку најсовремените и најадекватните методи со кој Вашиот бизнис ќе биде безбеден, вашите вработени посреќни и побезгрижни, а сите стандарди и норми –  исполнети.

Токси-Вет ќе го намали ризикот од присуство на штетници, ќе ја минимизира употребата на хемиски препарати, и ќе ја елиминира економската штета што глодарите ја предизвикуваат престојувајќи во Вашите објекти. Истовремено, ќе ја одржиме и зачуваме репутацијата на Вашиот бизнис и локал и доверба стекната кон Вас од страна на Вашите клиенти. 

Искусниот тим на Токси Вет го нуди најефективниот и професионален третман за квалитетна дезинсекција и дератизација на Вашиот простор, со 100% гаранција за извршената работа.

Нашите активности за контрола и заштита од штетници на Вашите деловни објекти се во согласност и со најстрогите критериуми за безбедност на храна како: IFS,BRC, HACCP, ISO 2200 итн.

Погледнете ја нашата референтна листа на бизниси (https://toksivet.mk/referentna-lista/).

Сакате понуда за Вашиот деловен објект за дезинфекција, дезинсекција и дератизација? Контактирајте нè, испраќаме понуда веднаш!



    Е-маил

    Локација

    контакт

    E-маил

    Локација

    to top