fbpx

За Нас

Н

ашата приказна започна точно пред осум години, кога основачот Благоја Ѓуровски се реши да го направи првиот чекор во приватниот секор основајќи не под името Токси-Вет. Главната дејност на нашата компанија е дезифенкција, дезинсекција и дератизација односно заштита на компаниите и домовите од сите видови на инсекти и глодари. Токси-Вет е фамилијарна компанија која почна со мал број вработен-основачот, но континуирано се пробивавме и развивме овозможувајќи пријатна атмосфера за нашите вработени. Нашата компанија стана препознатлива на пазарот за заштита и контрола на штетници во Република Македонија со својот слоган ” Експерти за некатети гости”. 

Токси Вет како компанија покрај дезинфекцијата, дезинсекцијата и дератизацијата се прошири и во давање обуките за безбедност на храна и сертификација на успешните учесници на обуката.  Како движечка сила на нашата компанија е стремежот кон континуирано подобрување и приспособување кон светските стандарди во дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Квалитетот како стремеж во извршувањето на нашата работа придонесе Токси-Вет денес да е сериозна фирма и партнер на вашиот бизнис, дом и семејство за заштита од несакани инсекти и глодари. Нашата корисничка ориентираност,  флексибилност и професионализам ви даваат вам,нашите клиенти со право да верувате дека ние можеме да го решиме вашиот проблем со штетниците.

Пратејќи ги светските трендови во областа на дезинфекцијата, дезинсекцијата и дератизацијата преку посета на најзначајните саеми и конференции што се одржуваат низ Европа, Токси-Вет ги подобрува своите услуги со нови подобрени методи и техники преку кои што сме ваш партнер од доверба кога станува збор за заштита и контрола на штетници.

Развојот на ТОКСИ-ВЕТ природно го насочува кон професионализам, конкурентност на пазарот, доверливост за и кон клиентот.

Е-маил

Локација

контакт

E-маил

Локација

to top