fbpx

Бизниси

ТОКСИ – ВЕТ преку своите активности за контрола и заштита од штетници е партнер од доверба за успешноста на вашиот бизнис. Ние може да ве заштитиме од инсекти и глодари преку најсовремените и најадекватните методи со кој вашиот бизнис ќе биде безбеден, вашите вработени посреќни и побезгрижни и сите стандарди и норми исполнети.

Повеќе децениското искуство и следењето на европските и светските трендови во нашата индустрија ни дава за право да кажеме дека можеме да одговориме на сите ваши барања во однос на дезинфекцијата, дезинсекцијата и дератизацијата. Согласно вашата индустрија можеме да ви понудиме од еднократни третмани до комплексни програми за интегрирано справување со штетници каде што се употребуваат најмалку хемиски средства, се врши континуиран мониторинг на вашите објекти и сето тоа исполнувајки ги најстрогите стандарди како HACCP, BRC, GMPs, ISO и многу други.Сите наши мерки и активности се скроени за вашите потреби и барања така да нашиот пристап кон секој клиент е уникатен и соодветствува со неговите потреби.

 

Угостителски Објекти
Покриеност на пазарот 35%
Производствени Објекти
Покриеност на пазарот 46%
Трговски Објекти
Покриеност на пазарот 35%
Државни Институции
Покриеност на пазарот 30%

Во согласност со најновите трендови во нашата индустрија, интегрираната контрола и заштита од штетници односно интегрираниот менаџмент на штетници се темели на четири главни вредности:

1. Исклучување: Проактивните мерки за контрола и заштита од штетници подразбира исклучување на можноста штетниците да допрат до вашиот бизнис, преку оваа точка работиме на создавање на надворешни заштитни бариери и елиминирање на потенцијалните места за влез на штетниците во објектите како што се пукнатини, отвори или несоодветни прозорци и врати и друго.ТОКСИ-ВЕТ соработува со клиентите за да разбере како и кога бубачките и глувците претставуваат проблем за вашиот бизнис и да скрои уникатен план за исклучување на можноста штетниците да навлезат и да претставуваат закана за вашиот бизнис.

2.Рестрикција: Подразбира ограничување на местата за хранење и домување на штетниците во и околу вашиот бизнис.

3.Елиминација: Користејќи ги најновите трендови и иновации во индустријата за заштита од штетници преку првенствено користење на нетоксични методи ќе ги елиминираме штетниците кои би го загрозиле вашиот бизнис. Како дел од интегрираното менаџирање на штетниците методите ќе бидат проценети за нивната ризичност и ефективност.

4.Мониторинг: Искористувајки ги податоците добиени преку контролните посети и детална анализа на информациите ќе можеме да ги предвидиме и локализираме потребните мерки и активности

ТОКСИ-ВЕТ за вашиот бизнис може да придонесе така што ќе го намали ризикот од присуство на штетници, ќе ја минимизира употребата на хемиски препарати, ќе ја елиминира економската штета што глодарите ја предизвикуваат престојувајќи во вашите објекти, ќе ја одржи и зачува репутацијата на вашиот бизнис и локал и доверба стекната кон вас од страна на вашите клиенти. 

Е-маил

Локација

контакт

E-маил

Локација

to top