fbpx

Забележавте црвени мравки во Вашиот дом? Без паника, веднаш можеме да Ви помогнеме.

Црвените, односно фараонски мравки, лесно можат да навлезат во објектите, преку најмалите отвори и пукнатините. Тие живеат во ѕидовите, под плочките, или под земјата. Но, најчесто се групирани во многубројни колонии кои можат да бројат и по десетици илјади мравки, а можат да бидат активни во сите годишни времиња.

Кујните и тоалетите им се најчестата дестинација, а се движат по вертикала во зградите. Нивната големина од 2 милиметри им овозможува да навлезат насекаде, па дури и во храна која е добро спакувана, а тоа е потенцијален ризик по здравјето. Овие мравки можат да ја пренесат бактеријата салмонела и стрептокока, а со тоа и да се појават разни здравствени проблеми кај луѓето. Исто така, тие се доста опасни во болниците, бидејќи лесно можат да ги инфицираат отворените рани на пациентите.

Разни отрови за домашна употреба се достапни во супермаркетите. Иако овие производи можат да понудат привремено олеснување, сложената и еластична природа на фараонските мравки често бара постратешки и поодржлив пристап. 

Експертскиот пристап за контрола на штетници додава специјализирано знаење и насочено решение, обезбедувајќи темелен и ефективен процес на искоренување. Ваквиот пристап вклучува и напредни техники, за да се наруши репродуктивниот циклус и да се решат наездите од мравки.

Искусниот тим на Токси Вет го нуди најефективниот и професионален третман за квалитетна дезинсекција на Вашиот простор.

Ги почитуваме најстрогите стандарди во средставата кои ги употребуваме за дезинфекција, дезинсекција и дератизација како што се: HACCP, BRC, GMPs, ISO и многу други.

Сакате понуда за Вашиот дом? Контактирајте нè, испраќаме понуда веднаш!



    Е-маил

    Локација

    контакт

    E-маил

    Локација

    to top