fbpx

Сте слушнале ли за сѐ почестите поплаки за зголеменото присуство на глодари во живеалиштата низ Македонија? 

Глодарите сочинуваат околу 40% од вкупната популација на цицачи. Оттука, не е воопшто чудно што тие се распространети насекаде. Овие штетници можат да направат проблеми во Вашиот дом, како во нарушување на мирот и комфорот, така и во загрозување на здравјето.

Повеќе од 30 видови на глодари можат да се најдат во Македонија, а најголем дел од нив се задржуваат околу куќи, фарми, магацини за храна, како и канализации, складишта за ѓубре и слични. Најзначајни и најпроблематични се глушецот и стаорецот.

Глувците и стаорците најчесто се стационираат околу местата во кои се чува храна. Тие можат да направат дупки и да навлезат разни материјали (пластика, гипс, бетон, најлони и дрво).

Иако можеби првата помисла Ви е сами да се справите со овој проблем, потребна е професионална дератизација при справувањето со глодари. 

Со ваква мерка, правилно ќе се пристапи кон идентификација на конкретниот проблем, и се пронаоѓаат критичните точки кои се извор за штетниците. Можеби токму во Вашиот дом имате неочекувани отвори кои не ни претпоставувате дека постојат.

Искусниот тим на Токси Вет го нуди најефективниот и професионален третман за квалитетна дератизација на Вашиот дом, со 100% гаранција за отстранување на сите несакани глодари.

Нашите активности за контрола и заштита од штетници се во согласност и со најстрогите критериуми за безбедност на храна како: IFS,BRC, HACCP, ISO 2200 итн.

Сакате понуда за дератизација за Вашиот дом? Контактирајте нè, испраќаме понуда веднаш!



    Е-маил

    Локација

    контакт

    E-маил

    Локација

    to top