fbpx

Сте ги забележале ли сѐ почестите поплаки за зголеменото присуство на глодари во населените места во Македонија? 

Глодарите сочинуваат околу 40% од вкупната популација на цицачи. Оттука, не е воопшто чудно што тие се распространети насекаде. Овие штетници можат да направат проблеми во Вашиот деловен објект, без разлика на неговата големина.

Вашиот деловен објект е од исклучително значење да биде постојано чист и ослободен од било какви штетници, посебно во случај кога Вашата работа е поврзана со производство и дистрибуција на храна, како и угостителски дејности.

Глувците и стаорците најчесто се стационираат околу местата во кои се чува храна. Тие можат да направат дупки и да навлезат разни материјали (пластика, гипс, бетон, најлони и дрво).

Искусниот тим на Токси Вет го нуди најефективниот и професионален третман за квалитетна дератизација на Вашиот деловен простор, со 100% гаранција за извршената работа.

Нашиот опсег на работа се протега од мали деловни објекти, па се до големи и комплексни индустриски капацитети. Работиме во согласност сo Законот за заштита на населението од заразни болести и поседуваме одобрение за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од Министерството за здравство на Македонија.

За клиентите од прехранбената индустрија, вршиме дезинфекција, дезинсекција и дератизација во насока на зачувување на безбедноста на храната и работење според HACCP системот.

Оваа услуга вклучува анализа на критичните точки кои можат да доведат до инфестација на глодари и инсекти, како и совети и препораки за хигиенско ракување со производството за да се спречи ширењето на штетни микро организми.

Тука, ги избегнуваме хемиските третмани и акцентот се става на превентивно делување и спречување на појавување на инсекти и глодари, како и воведување мониторинг систем за набљудување на инфестацијата.

Нашите активности за контрола и заштита од штетници на Вашите деловни објекти се во согласност и со најстрогите критериуми за безбедност на храна како: IFS,BRC, HACCP, ISO 2200 итн.

Сакате понуда за Вашиот деловен објект за дезинфекција, дезинсекција и дератизација? Контактирајте нè, испраќаме понуда веднаш!



    Е-маил

    Локација

    контакт

    E-маил

    Локација

    to top