Поседувате угостителски објект на територијата на Македонија? Дали знаевте дека Вашата работа подразбира задолжителна превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација?
Во продолжение следуваат членовите 39, 40 и 41 од Законот за заштита на населението од заразни болести, во кои е детално прецизирано кога и како треба да се изврши превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Член 39
Превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација е задолжителна во здравствени установи, училишни и предучилишни установи, социјални установи, угостителски објекти и јавни објекти (аеродроми, станици, пазари и слично), како и во објекти за производство, промет и складирање на храна. Превентивната дезинфекција се врши на секои шест месеци а дезинсекцијата и дератизацијата најмалку еднаш годишно. Задолжителна е дезинфекција на секретите, екскретите, личните и други предмети и на просторијата во која престојувал болен од колера, чума, вирусни хеморагични трески, вирусни жолтици, дифтерија, цревен тифус, паратифуси, салмонелози, детска парализа, дизентерија, антракс, беснило и туберкулоза во заразен стадиум, како и на објекти при појава на епидемии од заразни болести.
Член 40
Задолжителна е дезинсекција на лица и на лични предмети, на станбени простории и на превозни средства, здравствени установи, училишни и предучилишни установи, социјални установи, објекти за производство, промет и складирање на храна, угостителски објекти, како и на населени места при појава на инсекти или опасност од заболувања кои се пренесуваат со инсекти.
Член 41
Задолжителна е дератизација на населбите, околината на населбите, аеродромите, средствата за јавен превоз, складиштата и други работни простории, при појава или опасност од појава на чума, како и по епидемиолошки индикации при појава на глодари или опасност од појава на заболувања чии извори на зараза или преносители се глодари.
Искусниот тим на Токси Вет го нуди најефективниот и професионален третман за квалитетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на Вашиот угостителски објект.
Токси-Вет ќе го намали ризикот од присуство на штетници, ќе ја минимизира употребата на хемиски препарати, и ќе ја елиминира потенцијалната економската штета врз Вашиот објект. Истовремено, ќе ја одржиме и зачуваме репутацијата на Вашиот угостителски објект и доверба стекната кон Вас од страна на Вашите клиенти.
Нашите активности за контрола и заштита од штетници се во согласност и со најстрогите критериуми за безбедност на храна како: IFS,BRC, HACCP, ISO 2200 итн.
Сакате понуда за Вашиот угостителски објект? Контактирајте нè, испраќаме понуда веднаш!