Како можеме да Ве спасиме од проблемот со комарци?
Комарецот има еден пар на крилја, долги и тенки нозе, како и издолжено и тенко тело. Комарците имаат долга шпицаста уста со која го извршуваат каснувањето и цицањето на крвта. Интересно е што само комарците женки вршат каснување кај луѓето, бидејќи кај машките комарци шпицастата уста не е доволно развиена. Машките комарци се хранат со растителни сокови и веднаш по парењето со женката умираат. Потоа, женските комарци ги полагаат јајцата на застојани водни површини, или пак на влажни места.
Комарците се летечки мали инсекти. Тие влегуваат преку било кој мал отвор во Вашиот објект. Покрај малиот простор за влез (1,3 милиметри) комарците може да се внесат и преку предмети, облека и намирници. Поради природата на комарецот како летачки инсекти кој брзо се размножува, заштитата од комарци почнува со елиминирање на местата за залегнување на јајца во Вашата околина и сузбивање на можноста комарците да се развиваат. Потоа, важно е физички да се спречи пристапот на комарци во објектите, и на крај да се уништат преостанатите живи комарци.
Најчести места за живеење на комарците се доволно топли места каде што има влага во кои присуствуваат и луѓе се идеален избор за дом на комарецот. Во таков простор комарецот ќе има доволно храна и место каде што ќе може да ги положи своите јајца и да ја обави својата природна функција за репродукција.
Комарците се векторски преносители на заразни болести кои се одговорни за смртта на голем број луѓе во светот. Во најдобар случај кога ќе ве касне комарец ќе ви предизвика чешање и црвенило. Цицајки крв од различни луѓе комарецот пренесува болести како Зинга,Зика, Маларија, Западно Нилска Треска, Енцефалитис и други болести. Овие болести се типични за потропски предели, каде што имаме поголеми температури благи зими и голема влажност, иако со климатските промени и растот на температурите се очекуваат овие тропски подрачја да се поместуваат по северно. Во нашата држава се забележани мал број случаеви на векторски пренеси болести од комарец и тоа е најчесто западно нилската треска.
Процес на решавање на проблемот со комарците
Токси-Вет гарантира квалитетен пристап за решавање на проблемите со штетници во Вашиот дом или деловен објект. Процесот се состои од следниве 4 чекори.
01
Инспекција
Со цел за да се запознаеме со проблемот што треба да го решиме, најпрво треба да извршиме инспекција. Инспекцијата е процес преку кој се запознаваме со
основните потребни информации на Вашиот простор и тип на проблем, пред да Ви понудиме
насоки за решавање на Вашиот проблем со штетници.
Специфично за инспекцијата е што секој тип на инсекти или глодари (глушец или стаорец) има свој карактеристичен начин на
функционирање, специфики на околината, како и историјата на појавата во минатото. Тоа ни овозможува да го персонализираме третманот според Вашите потреби.
02
Третман
Третманот е процес преку кој ги уништуваме и доведуваме под контрола штетниците (инсекти
и глодари).
Третманот за уништување на инсектите е дезинскеција и се применува најчесто преку
спреирање биоцид (инсектицид) на таргетирана површина.Третманот за уништување на глодарите (глувци и стаорци) е дератизација и се врши преку употреба на хемиски метод (родентицид), лепила или хватови.
Стручно оспособените техничари на Токси-Вет секогаш ги избираат најефективните методи на
третман за ваша заштита од штетници.
03
Заштита
Заштитата од штетници е тесно поврзана со третманот и со инспекцијата. При успешна
инспекција и третман се даваат насоки за оптимално времетраење на извршената заштита од
глодари или инсекти.
Понатаму, се даваат насоки и совети за идно избегнување на појавата на штетници преку преземање на активности во однос на механичка заштита на Вашиот Дом или бизнис.
04
Одржување
Стручниот тим на Токси-Вет ќе Ви препорача најоптимално тековно одржување за заштита од
штетници во Вашите простории.
Склопот на континуираното следење на ситуацијата преку
инспекции и превентивни третмани на критични места и периоди може да доведе до долготрајна заштита на Вашиот објект од штетници.
Токси-Вет е гаранција за заштита од комарци во Вашиот дом или деловен објект
Искусниот тим на Токси Вет го нуди најефективниот и професионален третман за квалитетна дезинсекција на Вашиот простор.
Ги почитуваме најстрогите стандарди во средставата кои ги употребуваме за дезинфекција, дезинсекција и дератизација како што се: HACCP, BRC, GMPs, ISO и многу други.
Имаме одговор на сите Ваши прашања околу штетниците
Комарецот има еден пар на крилја, долги и тенки нозе, како и издолжено и тенко тело. Комарците имаат долга шпицаста уста со која го извршуваат каснувањето и цицањето на крвта. Интересно е што само комарците женки вршат каснување кај луѓето, бидејќи кај машките комарци шпицастата уста не е доволно развиена. Машките комарци се хранат со растителни сокови и веднаш по парењето со женката умираат. Потоа, женските комарци ги полагаат јајцата на застојани водни површини, или пак на влажни места.
Комарците се летечки мали инсекти. Тие влегуваат преку било кој мал отвор во Вашиот објект. Покрај малиот простор за влез (1,3 милиметри) комарците може да се внесат и преку предмети, облека и намирници. Поради природата на комарецот како летачки инсекти кој брзо се размножува, заштитата од комарци почнува со елиминирање на местата за залегнување на јајца во Вашата околина и сузбивање на можноста комарците да се развиваат. Потоа, важно е физички да се спречи пристапот на комарци во објектите, и на крај да се уништат преостанатите живи комарци.
Најчести места за живеење на комарците се доволно топли места каде што има влага во кои присуствуваат и луѓе се идеален избор за дом на комарецот. Во таков простор комарецот ќе има доволно храна и место каде што ќе може да ги положи своите јајца и да ја обави својата природна функција за репродукција.
Комарците се векторски преносители на заразни болести кои се одговорни за смртта на голем број луѓе во светот. Во најдобар случај кога ќе ве касне комарец ќе ви предизвика чешање и црвенило. Цицајки крв од различни луѓе комарецот пренесува болести како Зинга,Зика, Маларија, Западно Нилска Треска, Енцефалитис и други болести. Овие болести се типични за потропски предели, каде што имаме поголеми температури благи зими и голема влажност, иако со климатските промени и растот на температурите се очекуваат овие тропски подрачја да се поместуваат по северно. Во нашата држава се забележани мал број случаеви на векторски пренеси болести од комарец и тоа е најчесто западно нилската треска.
Процес на решавање на проблемот со комарците
Инспекција
Со цел за да се запознаеме со проблемот што треба да го решиме, најпрво треба да извршиме инспекција. Инспекцијата е процес преку кој се запознаваме со основните потребни информации на Вашиот простор и тип на проблем, пред да Ви понудиме насоки за решавање на Вашиот проблем со штетници.
Специфично за инспекцијата е што секој тип на инсекти или глодари (глушец или стаорец) има свој карактеристичен начин на функционирање, специфики на околината, како и историјата на појавата во минатото. Тоа ни овозможува да го персонализираме третманот според Вашите потреби.
Третман
Третманот е процес преку кој ги уништуваме и доведуваме под контрола штетниците (инсекти и глодари).
Третманот за уништување на инсектите е дезинскеција и се применува најчесто преку спреирање биоцид (инсектицид) на таргетирана површина.Третманот за уништување на глодарите (глувци и стаорци) е дератизација и се врши преку употреба на хемиски метод (родентицид), лепила или хватови.
Стручно оспособените техничари на Токси-Вет секогаш ги избираат најефективните методи на третман за ваша заштита од штетници.
Заштита
Заштитата од штетници е тесно поврзана со третманот и со инспекцијата. При успешна инспекција и третман се даваат насоки за оптимално времетраење на извршената заштита од глодари или инсекти.
Понатаму, се даваат насоки и совети за идно избегнување на појавата на штетници преку преземање на активности во однос на механичка заштита на Вашиот Дом или бизнис.
Одржување
Стручниот тим на Токси-Вет ќе Ви препорача најоптимално тековно одржување за заштита од штетници во Вашите простории.
Склопот на континуираното следење на ситуацијата преку инспекции и превентивни третмани на критични места и периоди може да доведе до долготрајна заштита на Вашиот објект од штетници.