Како можеме да Ве спасиме од проблемот со глодари?
Глодарите се најголем ред во цицачите. На нив отпаѓа преку 40% од популацијата на цицачи. Главна карактеристика на глодарите е тоа што имаат пар на заби секачи кои непрекинато растат на горната, а и на долната вилица.
Глодарите се цицачи кои се карактиризираат со четири нозе, иако се доста стабилни и голем дел од животните функции може да вршат и на две нозе. Обвиени се со крзно и најчесто имаат опашки. Има преку 2000 видови глодари. За нас најпознати, а и најпроблематични се глушецот и стаорецот.
Глушец
Глушецот е мал глодар кој се карактеризира со шпицеста муцка, каде што на врвот од муцката е сместен носот. Имаат опашка која најчесто е во должина колку и нивното тело, а обвиени се со темно-сиво крзно. Најзастапен кај нас е домашниот глушец (mus musculus). Глувците се сештојади и најактивни се ноќно време.
Тие може да гризат и прават дупки низ разни материјали како пластика, гипс бетон, најлони и дрво. Воедно, за да навлезат во објект им треба мал простор од помалку од 1,5 центиметри. Иако не поминуваат должина од 10 центиметри тие вертикално може да скокнат и до пола метар.
Глувците се срамежливи суштества. Тие своите гнезда ги прават на тивки и меки места. Карактеристично за нив е што немаат голем радиус на движење и се движат до 10 метри од нивното гнездо. Најчест избор за живелиште на домашниот глушец се текстилни материјали, хартија, изолациони материјали, фиберглас, жици, душеци и јастуци.
Домашниот глушец може да ја контаминира храната, да ги оштети пакувањата, да пренесува болести, зарази и бактерии. Тој јаде од храната во домот, што директно ја заразува со бактерии кои може да штетат по здравјето. Домашниот глушец може да предизвика и економска штета, со глодање по електричната инсталација и електричните уреди, со оштетување на цевките за канализација, и друго.
Стаорец
Стаорците се глодари, кои мораат да гризаат предмети и да ги трошат своите глодачки заби. Тие се поголеми од глувците и нивната големина изнесува над 12 центиметри и тежина до 500 грама. Најзначајни за човекот се стаорците од видовите Rattus Rattus (Сив Стаорец) и Rattus Norvegicus, кој има повеќе имиња, но најпознати му се канализациски стаорец и норвешки стаорец.
Природното живелиште на стаорецот е во близина на домовите. Нашите домови и работни средини изобилуваат со храна која е доволна мамка за стаорецот да излезе од канализацијата или да направи свој влез гризејќи ја дрвената врата или гипс картонот, и да се нагости со нашите намирници.
Стаорците имаат голема потреба од храна, па така тие секогаш се во близина на домовите. Тие можат да направат легла на таванот, во празни ѕидови под подовите на некои објекти, во градината, или во бетонските пукнатини. Главна референтна точка околу која стоарците прават живеалиште е храната.
Самиот факт дека стаорците се одговорни за пренесување на црната чума во Европа која траела од 1347 до 1351 година и резултирала со над 100 милиони мртви луѓе, ни дава знак дека стаорците можат да бидат доста опасни по нашето здравје. Тие пренесуваат многу штетни бактерии и на нив може да патуваат и болви кои се крволочни инсекти.
Процес на решавање на проблемот со глодарите
Токси-Вет гарантира квалитетен пристап за решавање на проблемите со штетници во Вашиот дом или деловен објект. Процесот се состои од следниве 4 чекори.
01
Инспекција
Со цел за да се запознаеме со проблемот што треба да го решиме, најпрво треба да извршиме инспекција. Инспекцијата е процес преку кој се запознаваме со
основните потребни информации на Вашиот простор и тип на проблем, пред да Ви понудиме
насоки за решавање на Вашиот проблем со штетници.
Специфично за инспекцијата е што секој тип на инсекти или глодари (глушец или стаорец) има свој карактеристичен начин на
функционирање, специфики на околината, како и историјата на појавата во минатото. Тоа ни овозможува да го персонализираме третманот според Вашите потреби.
02
Третман
Третманот е процес преку кој ги уништуваме и доведуваме под контрола штетниците (инсекти
и глодари).
Третманот за уништување на инсектите е дезинскеција и се применува најчесто преку
спреирање биоцид (инсектицид) на таргетирана површина.Третманот за уништување на глодарите (глувци и стаорци) е дератизација и се врши преку употреба на хемиски метод (родентицид), лепила или хватови.
Стручно оспособените техничари на Токси-Вет секогаш ги избираат најефективните методи на
третман за ваша заштита од штетници.
03
Заштита
Заштитата од штетници е тесно поврзана со третманот и со инспекцијата. При успешна
инспекција и третман се даваат насоки за оптимално времетраење на извршената заштита од
глодари или инсекти.
Понатаму, се даваат насоки и совети за идно избегнување на појавата на штетници преку преземање на активности во однос на механичка заштита на Вашиот Дом или бизнис.
04
Одржување
Стручниот тим на Токси-Вет ќе Ви препорача најоптимално тековно одржување за заштита од
штетници во Вашите простории.
Склопот на континуираното следење на ситуацијата преку
инспекции и превентивни третмани на критични места и периоди може да доведе до долготрајна заштита на Вашиот објект од штетници.
Токси-Вет е гаранција за заштита од глодари во Вашиот дом или деловен објект
Искусниот тим на Токси Вет го нуди најефективниот и професионален третман за квалитетна дезинсекција на Вашиот простор.
Ги почитуваме најстрогите стандарди во средставата кои ги употребуваме за дезинфекција, дезинсекција и дератизација како што се: HACCP, BRC, GMPs, ISO и многу други.
Имаме одговор на сите Ваши прашања околу штетниците
Глодарите се најголем ред во цицачите. На нив отпаѓа преку 40% од популацијата на цицачи. Главна карактеристика на глодарите е тоа што имаат пар на заби секачи кои непрекинато растат на горната, а и на долната вилица.
Глодарите се цицачи кои се карактиризираат со четири нозе, иако се доста стабилни и голем дел од животните функции може да вршат и на две нозе. Обвиени се со крзно и најчесто имаат опашки. Има преку 2000 видови глодари. За нас најпознати, а и најпроблематични се глушецот и стаорецот.
Глушец
Глушецот е мал глодар кој се карактеризира со шпицеста муцка, каде што на врвот од муцката е сместен носот. Имаат опашка која најчесто е во должина колку и нивното тело, а обвиени се со темно-сиво крзно. Најзастапен кај нас е домашниот глушец (mus musculus). Глувците се сештојади и најактивни се ноќно време.
Тие може да гризат и прават дупки низ разни материјали како пластика, гипс бетон, најлони и дрво. Воедно, за да навлезат во објект им треба мал простор од помалку од 1,5 центиметри. Иако не поминуваат должина од 10 центиметри тие вертикално може да скокнат и до пола метар.
Глувците се срамежливи суштества. Тие своите гнезда ги прават на тивки и меки места. Карактеристично за нив е што немаат голем радиус на движење и се движат до 10 метри од нивното гнездо. Најчест избор за живелиште на домашниот глушец се текстилни материјали, хартија, изолациони материјали, фиберглас, жици, душеци и јастуци.
Домашниот глушец може да ја контаминира храната, да ги оштети пакувањата, да пренесува болести, зарази и бактерии. Тој јаде од храната во домот, што директно ја заразува со бактерии кои може да штетат по здравјето. Домашниот глушец може да предизвика и економска штета, со глодање по електричната инсталација и електричните уреди, со оштетување на цевките за канализација, и друго.
Стаорец
Стаорците се глодари, кои мораат да гризаат предмети и да ги трошат своите глодачки заби. Тие се поголеми од глувците и нивната големина изнесува над 12 центиметри и тежина до 500 грама. Најзначајни за човекот се стаорците од видовите Rattus Rattus (Сив Стаорец) и Rattus Norvegicus, кој има повеќе имиња, но најпознати му се канализациски стаорец и норвешки стаорец.
Природното живелиште на стаорецот е во близина на домовите. Нашите домови и работни средини изобилуваат со храна која е доволна мамка за стаорецот да излезе од канализацијата или да направи свој влез гризејќи ја дрвената врата или гипс картонот, и да се нагости со нашите намирници.
Стаорците имаат голема потреба од храна, па така тие секогаш се во близина на домовите. Тие можат да направат легла на таванот, во празни ѕидови под подовите на некои објекти, во градината, или во бетонските пукнатини. Главна референтна точка околу која стоарците прават живеалиште е храната.
Самиот факт дека стаорците се одговорни за пренесување на црната чума во Европа која траела од 1347 до 1351 година и резултирала со над 100 милиони мртви луѓе, ни дава знак дека стаорците можат да бидат доста опасни по нашето здравје. Тие пренесуваат многу штетни бактерии и на нив може да патуваат и болви кои се крволочни инсекти.
Процес на решавање на проблемот со глодарите
Инспекција
Со цел за да се запознаеме со проблемот што треба да го решиме, најпрво треба да извршиме инспекција. Инспекцијата е процес преку кој се запознаваме со основните потребни информации на Вашиот простор и тип на проблем, пред да Ви понудиме насоки за решавање на Вашиот проблем со штетници.
Специфично за инспекцијата е што секој тип на инсекти или глодари (глушец или стаорец) има свој карактеристичен начин на функционирање, специфики на околината, како и историјата на појавата во минатото. Тоа ни овозможува да го персонализираме третманот според Вашите потреби.
Третман
Третманот е процес преку кој ги уништуваме и доведуваме под контрола штетниците (инсекти и глодари).
Третманот за уништување на инсектите е дезинскеција и се применува најчесто преку спреирање биоцид (инсектицид) на таргетирана површина.Третманот за уништување на глодарите (глувци и стаорци) е дератизација и се врши преку употреба на хемиски метод (родентицид), лепила или хватови.
Стручно оспособените техничари на Токси-Вет секогаш ги избираат најефективните методи на третман за ваша заштита од штетници.
Заштита
Заштитата од штетници е тесно поврзана со третманот и со инспекцијата. При успешна инспекција и третман се даваат насоки за оптимално времетраење на извршената заштита од глодари или инсекти.
Понатаму, се даваат насоки и совети за идно избегнување на појавата на штетници преку преземање на активности во однос на механичка заштита на Вашиот Дом или бизнис.
Одржување
Стручниот тим на Токси-Вет ќе Ви препорача најоптимално тековно одржување за заштита од штетници во Вашите простории.
Склопот на континуираното следење на ситуацијата преку инспекции и превентивни третмани на критични места и периоди може да доведе до долготрајна заштита на Вашиот објект од штетници.