Нашата приказна започна во 1988-та година, кога основачот Благоја Ѓуровски го основа Токси-Вет. Главната дејност на нашата компанија е дезифенкција, дезинсекција и дератизација, односно заштита на компаниите и домовите од сите видови на инсекти и глодари.
Токси-Вет е фамилијарна компанија која започна само со еден основач, но со текот на времето успеа да развие професионален тим. Токси-Вет стана препознатлив на пазарот за заштита и контрола на штетници во Македонија со својот слоган „Експерти за неканети гости”.
Покрај дезинфекцијата, дезинсекцијата и дератизацијата, Токси-Вет се прошири и во давање на обуки за безбедност на храна и сертификација на успешните учесници на обуката.
Како движечка сила на нашата компанија е стремежот кон континуирано подобрување и приспособување кон светските стандарди во дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Од самото формирање, па до денес, на пазарот сме препознатливи како компанија која се грижи за квалитетот на својата услуга по секоја цена!
Квалитетот како стремеж во извршувањето на нашата работа придонесе Токси-Вет денес да е сериозен партнер на Вашиот бизнис, дом и семејство за заштита од несакани инсекти и глодари. Следејќи ги светските трендови во областа на дезинфекцијата, дезинсекцијата и дератизацијата, како и преку посета на најзначајните саеми и конференции што се одржуваат низ Европа, Токси-Вет ги подобрува своите услуги со нови подобрени методи и техники.
Токси-Вет својот развој природно го насочува кон професионализам, конкурентност на пазарот, како и доверливост за и кон клиентот.