Како можеме да Ве спасиме од проблемот со бубашваби?
Бубашвабите се лазечки инсекти кои имаат рамни овални тела. Знаат да бидат мрсни на допир. Во зависност од температурата на која живеат, нивните тела можат да бидат топли или ладни. Главата на лебарката е мала и најчесто е покриена со израсток сличен на штит.
Бубашвабите имаат шест долги нозе, на кои се видливи и дополнителни странични израстоци кои им овозможуваат да се движат брзо на било каква површина и било која насока. Некои видови бубашваби имаат и крилја, иако овие видови не можат да летаат. Низ светот постојат повеќе од 4.500 видови на бубашваби, а на нашите простори најраспространети се германската (лебарка), американската и ориенталната бубашваба
Лебарка (Германска бубашваба)
Лебарките се мали инсекти кои обожаваат темни и тивки места. Тие се инсекти кои своето живеалиште го развиваат во затворен простор и сакаат да имаат превоз преку електрични уреди, картон и ќеси до нивните нови домови. Најчест начин за внесување на лебарките во вашиот дом или бизнис е преку употребуван електричен уред, внесување на картонска или друг вид амбалажа. Во случај на згради за колективно домување или комплекси за заеднички бизниси, тие лесно можат да се придвижат од една просторија во друга преку електрична и водоводна инсталација.
Лебарката има големина до 2 центиметри. Нивната боја е кафеавкасто–црвена и може да варира до темно кафена. Најчести места за живеење на лебарките се: кујната,
електричните уреди и местата за отпадоци.
Лебарките се инсекти кои обожуваат нечисти, темни и влажни места. Иако не секогаш може да ги забележите, тие се движат насекаде во домот, од намирниците во фрижидерот, до корпата за отпадоци. При движењето лебарките разнесуваат нечистотија, бактерии кои предизвикуваат труење со храна и дизентерија. Воедно, лебарките може да пренесат алергени на различни предмети и храна. Поради нивното брзо размножување, отпорност и специфичен начин на живот, лебарките можат да бидат голем проблем за Вашиот дом или бизнис.
Ориентална бубашваба
Ориенталните бубашваби се најраспространети бубашваби на нашата териоторија. По форма се овално–топчести, а бојата им е темно-кафена до црна. Достигнуваат големина до 3 центиметри. Бубашвабите на својот грб носат закржлавени издатоци во форма на крилја, но сепак не им се во функција и не летаат.
За свое живеалиште, бубашвабите преферираат темни и влажни места, па затоа најчесто се среќаваат во канализациските системи. Во домовите најчесто излегуваат од одводните сифони, а може да се сретнат и во влажни подруми. Во природата можат да се најдат окулу нискорастечки грмушки, паднати листови, мулчови и други места каде што влагата се задржува подолго време. Најчести места на живеење им се: канализација,
под кадите во тоалетите, во сифоните, како и под купови од паднати лисја или искосена трева.
Бубашвабите својот живот го поминуваат во доста нечисти места. Тие преку своето движење на нечистите места, како канализациите, на своето тело налепуваат разни бактерии, кои потоа ги внесуваат во Вашите домови или работни простории. Воедно, бубашвабите пренесуваат и алергени, па можно е да дојде и до астматични напади при изложеност на тие алергени.
Процес на решавање на проблемот со бубашвабите
Токси-Вет гарантира квалитетен пристап за решавање на проблемите со штетници во Вашиот дом или деловен објект. Процесот се состои од следниве 4 чекори.
01
Инспекција
Со цел за да се запознаеме со проблемот што треба да го решиме, најпрво треба да извршиме инспекција. Инспекцијата е процес преку кој се запознаваме со
основните потребни информации на Вашиот простор и тип на проблем, пред да Ви понудиме
насоки за решавање на Вашиот проблем со штетници.
Специфично за инспекцијата е што секој тип на инсекти или глодари (глушец или стаорец) има свој карактеристичен начин на
функционирање, специфики на околината, како и историјата на појавата во минатото. Тоа ни овозможува да го персонализираме третманот според Вашите потреби.
02
Третман
Третманот е процес преку кој ги уништуваме и доведуваме под контрола штетниците (инсекти
и глодари).
Третманот за уништување на инсектите е дезинскеција и се применува најчесто преку
спреирање биоцид (инсектицид) на таргетирана површина.Третманот за уништување на глодарите (глувци и стаорци) е дератизација и се врши преку употреба на хемиски метод (родентицид), лепила или хватови.
Стручно оспособените техничари на Токси-Вет секогаш ги избираат најефективните методи на
третман за ваша заштита од штетници.
03
Заштита
Заштитата од штетници е тесно поврзана со третманот и со инспекцијата. При успешна
инспекција и третман се даваат насоки за оптимално времетраење на извршената заштита од
глодари или инсекти.
Понатаму, се даваат насоки и совети за идно избегнување на појавата на штетници преку преземање на активности во однос на механичка заштита на Вашиот Дом или бизнис.
04
Одржување
Стручниот тим на Токси-Вет ќе Ви препорача најоптимално тековно одржување за заштита од
штетници во Вашите простории.
Склопот на континуираното следење на ситуацијата преку
инспекции и превентивни третмани на критични места и периоди може да доведе до долготрајна заштита на Вашиот објект од штетници.
Токси-Вет е гаранција за заштита од бубашваби во Вашиот дом или деловен објект
Искусниот тим на Токси Вет го нуди најефективниот и професионален третман за квалитетна дезинсекција на Вашиот простор.
Ги почитуваме најстрогите стандарди во средставата кои ги употребуваме за дезинфекција, дезинсекција и дератизација како што се: HACCP, BRC, GMPs, ISO и многу други.
Имаме одговор на сите Ваши прашања околу штетниците
Бубашвабите се лазечки инсекти кои имаат рамни овални тела. Знаат да бидат мрсни на допир. Во зависност од температурата на која живеат, нивните тела можат да бидат топли или ладни. Главата на лебарката е мала и најчесто е покриена со израсток сличен на штит.
Бубашвабите имаат шест долги нозе, на кои се видливи и дополнителни странични израстоци кои им овозможуваат да се движат брзо на било каква површина и било која насока. Некои видови бубашваби имаат и крилја, иако овие видови не можат да летаат. Низ светот постојат повеќе од 4.500 видови на бубашваби, а на нашите простори најраспространети се германската (лебарка), американската и ориенталната бубашваба
Лебарка (Германска бубашваба)
Лебарките се мали инсекти кои обожаваат темни и тивки места. Тие се инсекти кои своето живеалиште го развиваат во затворен простор и сакаат да имаат превоз преку електрични уреди, картон и ќеси до нивните нови домови. Најчест начин за внесување на лебарките во вашиот дом или бизнис е преку употребуван електричен уред, внесување на картонска или друг вид амбалажа. Во случај на згради за колективно домување или комплекси за заеднички бизниси, тие лесно можат да се придвижат од една просторија во друга преку електрична и водоводна инсталација.
Лебарката има големина до 2 центиметри. Нивната боја е кафеавкасто–црвена и може да варира до темно кафена. Најчести места за живеење на лебарките се: кујната, електричните уреди и местата за отпадоци.
Лебарките се инсекти кои обожуваат нечисти, темни и влажни места. Иако не секогаш може да ги забележите, тие се движат насекаде во домот, од намирниците во фрижидерот, до корпата за отпадоци. При движењето лебарките разнесуваат нечистотија, бактерии кои предизвикуваат труење со храна и дизентерија. Воедно, лебарките може да пренесат алергени на различни предмети и храна. Поради нивното брзо размножување, отпорност и специфичен начин на живот, лебарките можат да бидат голем проблем за Вашиот дом или бизнис.
Ориентална бубашваба
За свое живеалиште, бубашвабите преферираат темни и влажни места, па затоа најчесто се среќаваат во канализациските системи. Во домовите најчесто излегуваат од одводните сифони, а може да се сретнат и во влажни подруми. Во природата можат да се најдат окулу нискорастечки грмушки, паднати листови, мулчови и други места каде што влагата се задржува подолго време. Најчести места на живеење им се: канализација, под кадите во тоалетите, во сифоните, како и под купови од паднати лисја или искосена трева.
Бубашвабите својот живот го поминуваат во доста нечисти места. Тие преку своето движење на нечистите места, како канализациите, на своето тело налепуваат разни бактерии, кои потоа ги внесуваат во Вашите домови или работни простории. Воедно, бубашвабите пренесуваат и алергени, па можно е да дојде и до астматични напади при изложеност на тие алергени.
Процес на решавање на проблемот со бубашвабите
Инспекција
Со цел за да се запознаеме со проблемот што треба да го решиме, најпрво треба да извршиме инспекција. Инспекцијата е процес преку кој се запознаваме со основните потребни информации на Вашиот простор и тип на проблем, пред да Ви понудиме насоки за решавање на Вашиот проблем со штетници.
Специфично за инспекцијата е што секој тип на инсекти или глодари (глушец или стаорец) има свој карактеристичен начин на функционирање, специфики на околината, како и историјата на појавата во минатото. Тоа ни овозможува да го персонализираме третманот според Вашите потреби.
Третман
Третманот е процес преку кој ги уништуваме и доведуваме под контрола штетниците (инсекти и глодари).
Третманот за уништување на инсектите е дезинскеција и се применува најчесто преку спреирање биоцид (инсектицид) на таргетирана површина.Третманот за уништување на глодарите (глувци и стаорци) е дератизација и се врши преку употреба на хемиски метод (родентицид), лепила или хватови.
Стручно оспособените техничари на Токси-Вет секогаш ги избираат најефективните методи на третман за ваша заштита од штетници.
Заштита
Заштитата од штетници е тесно поврзана со третманот и со инспекцијата. При успешна инспекција и третман се даваат насоки за оптимално времетраење на извршената заштита од глодари или инсекти.
Понатаму, се даваат насоки и совети за идно избегнување на појавата на штетници преку преземање на активности во однос на механичка заштита на Вашиот Дом или бизнис.
Одржување
Стручниот тим на Токси-Вет ќе Ви препорача најоптимално тековно одржување за заштита од штетници во Вашите простории.
Склопот на континуираното следење на ситуацијата преку инспекции и превентивни третмани на критични места и периоди може да доведе до долготрајна заштита на Вашиот објект од штетници.