Сите позначајни меѓународни стандарди за квалитет (ИСО,ЕУ ГМПс,ЦГМПс, ГСП и др.) ставаат акцент на контролата и заштитата од штетници. Иако интегрираната контрола и заштита од штетници е правно обрвзувачка за исполнување на одредени стандарди, таа е и суштински значајна за производство на добар и квалитетен продукт, непрекинатно производство и позадоволни и продуктивни вработени. Ние, ТОКСИ-ВЕТ следејќи ги најновите трендови во заштитата и контролата на штетници водени од директивите на ЕУ 528/2012/ЕЦ, 128/2009/ЕЦ, 1907/2006/ЕЦ и позитивните искуства здобиени од европските конференции можеме да ви бидеме партнер од доверба за заштита и контрола од штетниците на вашиот објект.
Поради овие причини ТОКСИ-ВЕТ нуди највисок квалитет и е правиот избор за Вашиот бизнис.
Ние сме спремни да спореведеме успешна контрола и заштита на штетници и да ве заштитиме од глувци, мравки,лебарки, стаорци, бубашваби и други несакани гости во вашиот угостителски бизнис, трговски локал, магацин, складиште, фабрика, спортски објекти, фармацевтски погон или било која друга индустрија.