fbpx

Уништувањето на штетните инсекти од животниот простор е од пресудно значење за квалитетен и здрав живот, бидејќи тие се примарни преносители на заразните болести – делумно како живи преносители, а делумно и преку храната со која истите доаѓаат во непосреден контакт.

Дезинсекција како борба против инсектите

Дезинсекцијата е клучен процес во борбата против штетните инсекти – истата претставува неопходна санитарна мерка во животните средини, индустријата и сточарството.

Дезинсекцијата може да биде механичка (поставување на заштитна опрема во просторијата, употреба на заштитна облека), физичка (со помош на уреди со температура, ултразвучни и радио бранови, и радиоактивни зрачења), биолошка (кога други животински видови се хранат со инсекти) или хемиска (уништување на инсектите со помош на хемиски супстанци).  

Нешто повеќе околу инсектите

Инсектите претставуваат најбројна група на животни, со 6-10 милиони видови кои постојат на планетата. Иако некои од нив се корисни за опстанокот на живиот свет и помагаат во опрашување на значајни растенија, најголем дел од нив претставуваат штета, како за човекот, така и за животните.

Помеѓу инсектите кои најчесто прават проблеми во живеалиштата и работниот простор во градските средини се: мравките, бубашвабите и лебарките, но тука се јавуваат и летечките инсекти како мувите, комарците и осите, кои знаат исто така да направат проблеми. Заедничкото за сите нив е тоа што премногу брзо се размножуваат.

Инсектите најчесто се привлечени од храната, па тоа значи дека како почетна заштита, постојано треба да се внимава на хигиената и организираноста во просториите во кои се чува храна.

Лебарки

Како едни од инсектите кои најбрзо се размножуваат, лебарките знаат да бидат голем проблем во домот. Многу често, проблемот со нив може да произлезе колективно, преку еден цел станбен комплекс, при што е потребно да се направи дезинсекција на целиот простор. 

Најчесто се кријат во пукнатини, подруми и дупки. Конкретно, во урбаните средини, тие може да живеат во канализација, под кадите во домот, во сифоните…

Лебарките најчесто се движат на топли површини, бидејќи не поднесуваат ниски температури. Затоа, иако најчесто се појавуваат во летните периоди, дури и преку зима, може да се забележат покрај грејните тела во домот.

Лебарките, често незабележителни, можат да се распространат насекаде во домот, од фрижидер, па до корпа за отпадоци. Тие разнесуваат нечистотија и бактерии кои може да бидат штетни по човечкото здравје.

Не се социјално и колонизирачки настроени како мравките, но научно се смета дека имаат тенденција да се собираат во група.

Мравки

Мравките се социјални инсекти кои живеат во колонии и може да се најдат насекаде низ домот – по ѕидовите, по плочките, во пукнатините од подовите во живеалиштата, и слични недостапни места. Таму прават мравјалници кои се нивни живеалишта. Активни се постојано во сите годишни времиња.

Брзото распространување на мравките е токму поради нивната способност за социјална организација и менување на околината, а оттука и заштитни механизми за одбрана на нивното постоење и преживување.

Проблемот во домовите настанува кога овие инсекти прават инвазија врз просториите каде што најчесто има храна (кујната), и притоа можат да пренесат определени бактерии врз истата.

Комарци


Како едни од најпредизвикувачките инсекти за истребување во летниот период,  комарците лесно можат да влезат преку било кој отвор во објектите, а исто така да се внесат преку предмети, облека и намирници.

Комарците имаат и долга шпицаста уста со која го извршуваат цицањето на крвта. Сепак, само комарците женки можат да го прават ова, додека машките се хранат со растителни сокови.

Комарците се едни од најштетните инсекти, од аспект што дел од нив пренесуваат и смртоносни болести (како што е маларијата или западната нилска треска). Цицајќи крв преку луѓето, ги пренесуваат заразните болести во околината.

Потребна Ви е дезинсекција за Вашиот дом?

Хемиската дезинсекција е најраспространета форма на борба против инсектите во урбаните средини и домовите, но мора да се пристапи исклучително внимателно со овој вид, со помош на професионалец.

Токси Вет е компанија која нуди квалитетна и доверлива услуга фокусирана на дезинфекција, дезинсекција и дератизација), ако и извршување на сертификација за познавања во областа на на хигиената и безбедност на храна.

Искусниот тим на Токси Вет го нуди најефективниот и професионален третман за квалитетна дезинсекција на Вашиот простор.

Ги почитуваме најстрогите стандарди во средставата кои ги употребуваме за дезинфекција, дезинсекција и дератизација како што се: HACCP, BRC, GMPs, ISO и многу други.

Сакате да направите консултација со нас, и да се информирате повеќе околу процесот на дезинсекција? Контактирајте нè веднаш.



    Е-маил

    Локација

    контакт

    E-маил

    Локација

    to top