fbpx

Заштити го твојот дом од бактерии и вируси

Периодов за дезинфекција се говори на големо, се дезинфицираат школи, градинки, превозни средства се дезинфецираме и самите себе ако ништо друго преку зголемената употреба на сапун и средства за хигиена.Иако претходно дезинфекцијата не беше толку јавно изразена таа е присутна во животот на човекот уште од пред повеќе милениуми.

 Важноста на дезинфекцијата ја согледуваме откако ќе се случи некоја голема зараза, грип или вирус, дури и тогаш медиумите треба да ни наметнат дека треба да дезинфекцираме почесто. Суштинското значење на дезинфекцијата како основна мерка за уништување на патогените микро организми кои штетат на човекот, човечката околина и природата воопшто е огромна. Со дезинфекцијата се таргетираат бактерии, вируси, спори и фунги.

Иако сите ние дома чистиме со детергенти кои делуваат и делумно како дезинфектанти, детергентите ја немаат истата моќ и спосбност, како специјалните хемиски средства дезинфектанти, да ги неутрализираат бактериите, вирусите спорите или габите. При вршењето на дезинфекција, изборот на хемиското средство треба да се остави на професионалецот, бидејќи не сите дезинфециенси делуваат на сите микро организми.Според тоа што уништуваме, кога и во какви услови, дезинфекцијата можеме да ја поделиме на две групи Превентивна и Тековна.

Со превентивната дезинфекција се заштитуваме од штетни и непосакувани микроорганизми на површината во и надвор од објектите кои во моментот можеби не влијаат штетно но во определени услови би влијаеле и најчесто може да предизвикаат болести кај животните и луѓето или расипување на хранта.

Тековната дезинфекција се врши на веќе познат микроорганизам, односно на веќе појавена заразна болест. Во овој случај се знае микробот и целно се одбира дезинфектантот и методот на апликација за заразата да се сузбие на најефективен начин.  

ТОКСИ-ВЕТ како компанија која професионално врши дезинфекција се стреми секогаш својата работа да ја изврши ефективно и ефикасно како би се добила поздрава околина за живот и работа. Нашите експерти секогаш ќе ве посоветуваат за вашето добро , ќе го изберат правиот дезинфектант и ќе го аплицираат со метод и начин со кој ќе бидете 100% сигурни за ефективноста на работата а воедно ќе го обезбедите и вашето здравје.  Доколку сакате да го заштитите и подобрите вашето здравје слободно контактирајте не.

Е-маил

Локација

контакт

E-маил

Локација

to top