fbpx

Мравки во лебот?

Сите ние имаме мрзлив ден, тој ден си се будиме и со големо задоволство го пиеме првото утринско кафе. Планирајќи го денот доаѓа потребата за доручек, го спремаме јадењето и се е супер додека не го извадиме лебот за да го поставиме на масата. Тоа е тој момент кога сфаќаме дека го делиме нашиот леб со натрапниците во нашата куќа, целиот леб е полн со мали црвени мравки кои бесрамно се гоштеваат. Во тој момент на голема паника го ставаме лебот во кеса и директно во корпа за отпадоци. Потоа испаничено го пребаруваме целиот дом во потрага по натрапници и неуморно ги тепаме една по една. Пребарувајќи го домот ние разбираме дека си имаме работа со многу спремни и вредни мравки бидејќи ги загледуваме дека искачаат и од најмалото дупче во нашиот дом( водоводни цевки, парното, штекерот, дозната за струја, пукнатина на ѕидот).

Во суштина тоа се фараонски мравки со големина од околу 2 милиметри и црвенкаста или жолта боја. Тие живеат во ѕидовите од нашите домови, под плочките во кујните, во земјата под нашата зграда и на слични недостапни места. Живеат во многубројни колонии со бројност од повеќе десетици илјади мравки, и можат да бидат еднакво активни и во лето и во зима.

Откако ќе увидиме дека механичкото уништување на мравките не помага, преминуваме на истражување на интернет како да ги уништиме мравките во мојот дом. После неколку часовно истражување наоружани со знаење и самодоверба дека лесно и брзо ќе се реши проблемот преминуваме на акција, се што сме прочитале од сол, детергенти за перење, разно разни зачини употребуваме со надеж и верба дека следниот оброк нема да имаме натрапници кои се гоштеваат со нашиот леб или благо.  

Се е идеално некиј 3 до 4 дена од превземање на сите расположливи средства и мерки, како и вложување на сета наша мајсторија за уништување мравки. После овој период, најчесто проблемот е ист, мравки на рабовите од ѕидовите, мравки во фиоката со приборот за јадење, мравки кај лебот, мравки насекаде. Сума сумарум сите ваши напори сами да го решите проблемот со мравките биле залудни.

Истражувајки на интернет сте прочитале многу за мравките но најверојатно сте промашиле некои доста интересни факти.

  • Има повеќе од 12.000 видови на мравки кои може да го загрозат вашиот дом или работна средина
  • Мравките немаат уши, тие слушаат преку чувствување на вибрации кои се пренесуваат на тлото на кое газат
  • Имаат супер сила тие можат да носат тежина и до 50 пати поголема од својата(само замислете да можевте вие да носите повеќе од 3000 килограми)
  • Мравките имаат два стомаци, и тоа не дека се алчни, туку едниот стомак е за нивна конзумација а другиот стомак складираат храна која ја делат со други
  • Има истражување од страна на Харвард и универзитетот на Флорида дека мравките се стари колку и диносаорусите со тоа што мравките го преживеале големото уништување на видовите.

Секако постои решение и за досадните мравки кои го окупираа вашиот дом. За тоа се задолжени експертите на ТОКСИ-ВЕТ кои во секој момент може да одговорат на вашите барања и успешно да ги уништат мравките кои постојано ве мачат. Применувајки најсовремени препарати и внимавајќи на вашето здравје и здравјето на вашите најмили експертите на ТОКСИ-ВЕТ ќе ве спасат од мравки.

Додади Коментар

Е-маил

Локација

E-маил

Локација

to top