fbpx

Корона Вирус (COVID-19)

Коронавируси (латинскиOrthocoronaviridae, Coronaviridae) — група на вируси кои предизвикуваат болести кај цицачите и птиците. Кај луѓето, вирусите предизвикуваат дишни инфекции кои типично се лесни, вклучувајќи обична настинка, но поретко и SARS, MERS и новиот коронавирус (кој  започна и предизвика епидемија од коронавирус во Вухан 2019-2020) коишто може да бидат смртоносни. Кај крави и свињи може да предизвикаат дијареа, додека кај живината може да предизвикаат горнодишна болест. Не постојат вакцини или антивирусни лекови кои се одобрени за превенција или третман.

Коронавирусите се вируси од  семејство Coronaviridae .Тие се со РНК геном вируси Големината на геномот е измеѓу 26 и 32 килобази – најголема кај некој РНК вирус. Коронавирусите биле откриени во 1960-тите години.

Името „коронавирус“ доаѓа од латинскиот збор corona, што значи „круна“, и што се однесува на карактеристичниот изглед на честичките на вирусот.

 

Човечки коронавируси

Познати се повеќе човечки коронавируси:

  1. Човечки коронавирус 229E (HCoV-229E)
  2. Човечки коронавирус OC43 (HCoV-OC43)
  3. SARS-CoV
  4. Човечки коронавирус NL63 (HCoV-NL63, коронавирус Њу Хејвен)
  5. Човечки коронавирус HKU1
  6. MERS-CoV
  7. SARS-CoV-2

Коронавирусите HCoV-229E, NL63, OC43 i HKU1 константно циркулираат меѓу човечката популација и предизвикуваат дишни инфекции кај возрасните и децата ширум светот.

Епидемии

Досега имало избивање на неколку епидемии од коронавирусот кој имале релативно висока стапка на смртност:

Епидемија

Тип на вирус

Смртни случаи

Епидемија на SARS во 2003

SARS-CoV

774

Епидемија на MERS на Блискиот Исток во 2012

MERS

преку 400

Епидемија на MERS во Јужна Кореја во 2015

MERS

36

Епидемија на MERS во 2018

MERS

41

Епидемија на новиот коронавирус 2019-2020

SARS-CoV-2

преку 3600

Избивање на епидемијата од новиот коронавирус се случи на почетокот на декември 2019 во Вухан, главниот град на покраината Хубеј во КинаСветската здравствена организација на новиот вирус му го дала привременото име 2019-nCoV и прогласила вонредна состојба на глобално ниво во врска со ширењето на новиот коронавирус. Новиот вирус подоцна го добил своето официјално име SARS-CoV-2.Потоа, започнала епидемија која зафатила и други делови на Кина, а биле утврдени и случаи надвор од Кина, во неколку земји од Азија, но и во Австралија, Европа и Северна Америка. Првите случаи во Европа биле потврдени во Франција на 24 јануари 2020 година. Најголема епидемија од вирусот во Европа се појавила во Италија, каде до денес биле заразени повеќе од 9000 луѓе, а починале 463.

Името (КОВИД-19) – „КО“ ја означува корона, „ВИ“  вирус, а „Д“ дизиз што значи болест на англиски.

Како се шири корона вирусот?

Вирусот се пренесува преку директен контакт со респираторните капки на заразеното лице (што се создаваат преку кашлање и кивање) и со допирање површини контаминирани со вирусот од тие исти респираторни капки. Корона вирусот  опстанува на површината и по неколку часа, но може да се уништи со едноставни средства за дезинфекција.

Првичните симптоми кои се јавуваат кај лицата заразени со вирусот КОВИД-19 се:

  1. Треска и висока температура;
  2. Тешка кашлица;
  3. Отежнато дишење.

Болеста може да предизвика сериозни компликации кои може да ја нарушат функцијата на:

  • Органите за дишење;
  • Кардиоваскуларниот систем;
  • Бубрезите.

Болеста може да варира од лесна до тешка форма, со можни фатални последици.

Лекувањето на заболените е палијативно и симптоматско.

Во овој момент не е достапна антивирусна терапија, ниту пак вакцина за превенција од заболување со КОВИД-19.

 

Кои се симптомите на болеста предизвикана од корона вирусот (КОВИД 19)

Симптомите може да бидат покачена температура, кашлица и отежнато дишење. Во потешки случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија или тешкотии со дишењето. Во ретки случаи болеста може да биде смртоносна. 

Овие симптоми се слични на грип, кој се јавува многу почесто од болеста предизвикана од корона вирус. Затоа, потребно е тестирање за да се потврди дали некој има корона вирус.

 

Постарите лица и лицата со хронични заболувања се изложени на поголем ризик од заболувањето. Според некои експерти, вирусот може да се пренесе за време на периодот на инкубација без симптоми.

Како да се заштитите од заболувањето со КОВИД-19?

  • Мијте ги рацете често, користејќи сапун и вода, подолго од 1 минута, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите.
  • Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.
  • Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња.
  • При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.
  • Извршувајте дезинфекција на вашиот дом или бизнис редовно, преку ангажирање на специјализирана компанија за вршење на дезинфекција.
  • Следете ги препораките на Министерството за здравство и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.

Доколку имате или се сомневате дека имате симптоми на корона – вирусот,или сте имале контакт со заболени се препорачува да се јавите во центрите за јавно здравство во вашите општини.

Е-маил

Локација

контакт

E-маил

Локација

to top