Вашиот дом треба да го чувствувате како место што е спокојно и сигурно за Вас и Вашето семејство. Но, секако тоа не е случај ако во вашиот дом се доселат неканети гости – бубачки и глувци. Присуството на инсекти и глодари во домот не само што може да делува на вашиот квалитет на живеење, тие делуваат и на вашето здравје. Инсектите и глодарите се главни векторски преносители на заразните болести. За Вие да бидете спокојни, здрави и среќни ние може да го решиме вашиот проблем со инсекти и глодари. Нашиот искусен персонал за дезинфекција, дезинсекција и дератизација ќе ви го понуди најефективниот третман за спас од неканетите гости.
Без разлика дали живеете во стан под ист покрив со стотици соседи, или во куќа со развиена природа околу вас, ние секогаш знаеме да ги примениме правилните мерки и активности за вие и вашето семејство да бидете без грижи во однос на бубачките и глувците.
Најчести проблеми што ги среќаваме по домовите се мравките, бубашвабите, лебарките и глувците. Сите овие натрапници во вашиот дом гледаат совршено место за нивното престојување и обилно гоштевање.
Мравките го обожаваат вашиот дом најчесто поради јаглехидратите, без разлика дали тоа е трошка шеќер од вашето кафе или пак трошка леб од вашиот оброк тие секогаш го наоѓаат патот преку милиметарските дупчиња до својата храна.
Бубашвабите се напаст кои се најактивни со затоплување на времето во периодот на мај и јуни, иако на одредени места се среќаваат преку целата година, бубашвабите се инсектите што излегуваат од канализација и може да израснат во огромни натрапници од кои вие имате ноќна мора.
За лебарките нема зима, чим една влезе во вашиот дом само прашање на време е кога ќе се размножи до тој степен па да шетаат слободно и во текот на денот на вашата работна кујнска маса, предност им е што јадат се од епителните клетки кои паѓаат од нашата кожа , преку нашите влакна па се до лепила и сврзни материјали.
За глувците нема стоп. Тие си го трасираат патот каде им е нивната намера. Гризаат скоро се од дрвени врати па до гипс картонски ѕидови. Се качуваат секаде дури и по лимени олуци. Кога ќе се вгнездат во вашите домови прават штета на вашата покуќнина и вашето здравје. Често во место каде престојуваат глодарите се шири неподнослива реа и има измет и урина од нив на сите страни.
За таа цел ние можеме да ви понудиме дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Согласно вашите потреби ние можеме да ве спасиме од крволочните болви, досадните муви, гадните лебарки, страшните стаорци и други бубачки и глодари кои може да го загрозат вашето здравје.