Во согласност со најновите трендови во нашата индустрија, интегрираната контрола и заштита од штетници односно интегрираниот менаџмент на штетници се темели на четири главни вредности:
1. Исклучување: Проактивните мерки за контрола и заштита од штетници подразбира исклучување на можноста штетниците да допрат до вашиот бизнис, преку оваа точка работиме на создавање на надворешни заштитни бариери и елиминирање на потенцијалните места за влез на штетниците во објектите како што се пукнатини, отвори или несоодветни прозорци и врати и друго.ТОКСИ-ВЕТ соработува со клиентите за да разбере како и кога бубачките и глувците претставуваат проблем за вашиот бизнис и да скрои уникатен план за исклучување на можноста штетниците да навлезат и да претставуваат закана за вашиот бизнис.
2.Рестрикција: Подразбира ограничување на местата за хранење и домување на штетниците во и околу вашиот бизнис.
3.Елиминација: Користејќи ги најновите трендови и иновации во индустријата за заштита од штетници преку првенствено користење на нетоксични методи ќе ги елиминираме штетниците кои би го загрозиле вашиот бизнис. Како дел од интегрираното менаџирање на штетниците методите ќе бидат проценети за нивната ризичност и ефективност.
4.Мониторинг: Искористувајки ги податоците добиени преку контролните посети и детална анализа на информациите ќе можеме да ги предвидиме и локализираме потребните мерки и активности
ТОКСИ-ВЕТ за вашиот бизнис може да придонесе така што ќе го намали ризикот од присуство на штетници, ќе ја минимизира употребата на хемиски препарати, ќе ја елиминира економската штета што глодарите ја предизвикуваат престојувајќи во вашите објекти, ќе ја одржи и зачува репутацијата на вашиот бизнис и локал и доверба стекната кон вас од страна на вашите клиенти.